Сугарески и Реџепи: Завршена е изградбата на гасоводот од Штип до Неготино

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи извршија увид во финализирањето на градежните работи на гасоводната делница од Штип до Неготино.

Министерот Сугарески информираше дека оваа делница од гасоводната мрежа е веќе во завршна фаза, изградбата ќе заврши во најскоро време и веднаш потоа ќе се пушти во употреба.

Се вчитува...

Гасификацијата е проект на Владата, за кој за следната година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 1 милијарда и 557 милиони денари, со цел да се заврши изградбата во најбрз можен рок и сите граѓани и компании да ги почувствуваат неколкукратните придобивки од гасот.

Директорот на МЕР, Реџепи информираше дека должината на оваа делница во завршна фаза е 36 километри, а инвестицијата е вредна 15, 8 милиони евра.

Извор: ТВ21