Пратениците на Алијансата за Албанците на Зијадин Села нема да гласаат за предложениот Закон за обвинителство бидејќи пристигнатата верзија на законот во парламентот не е иста со договорената, вели пратеникот Сурија Рушити.
– Вистина е дека Алијансата на Албанците имаше свои забелешки на драфт верзијата на Законот за обвинителство и голем дел од нив беа прифатени од министерката Дескоска. Но она што стигна во Парламентот не е истиот предлог закон. Во членот 110 се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме Закон за јавно обвинителство кој овозможува амнестија – вели Рушити.
Членот 110 се однесува на тоа дека снимките од СЈО по завршниот рок од јуни 2017 година ќе можат да бидат само индиции, а не и докази во судските постапки.
Катерина Нешкова
