Во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV, вечерва преку сведоштво се обрати жена која тврди дека е жртва на семејно насилство и дека се соочува со недоволна институционална заштита.
Таа во своето обраќање наведе дека се обраќала до надлежните институции, но дека досега не добила ефективна заштита. Според нејзините тврдења, и покрај пријавеното насилство, на нејзиниот поранешен сопруг сè уште му е дозволено да има контакт со нивното малолетно дете, што дополнително ја загрижува за безбедноста.
Жената истакна дека живее во страв и неизвесност, со чувство дека системот ја оставил сама, додавајќи дека се плаши од можни последици доколку институциите не реагираат навреме.
Таа сведочеше и дека пред една недела била физички нападната од поранешниот сопруг, при што лекар констатирал повреди. Случајот бил пријавен во надлежните институции, но, како што вели, до денес нема добиено информација за преземени мерки или реакција.
