Светската здравствена организација (СЗО) одржува дискусија за преименување на болеста мајмунска сипаница откако некои критичари го поставија прашањето дека името може да звучи погрдно или расистичко, објави Асошиејтед прес.
Во соопштението, здравствената организација на ОН објави дека ги менува имињата на две семејства на вирусот .
отсега наместо географски ознаки ќе се користат римски бројки за да се избегне стигматизација. Верзијата на болеста претходно позната како Басен на Конго сега ќе се вика Класа I, а западноафриканската верзија ќе се вика Класа II.
Одлуката беше донесена по состанокот на научниците оваа недела во согласност со досегашната добра практика за именување на болестите .
кои имаат за цел „да се избегне навреда на културните, социјалните, националните, регионалните, професионалните или етнички групи и да се минимизира негативното влијание врз трговијата, патувањето, туризмот и благосостојбата на животните“.
Повеќе болести како јапонски енцефалитис, Марбург вирус, шпански грип и блискоисточен респираторен синдром
се именувани според географските области каде што првпат се појавиле или биле идентификувани. СЗО сè уште јавно не предложила промена на нивните имиња.
Името мајмунски сипаници било дадено во 1958 година.
кога за време на истражувањето во Данска е забележана болест слична на сипаници кај мајмуните.
СЗО рече дека и дава можност на јавноста да предложи име
на болеста, но не кажа кога се очекува да биде објавено.
Од мај досега во светот се регистрирани повеќе од 31.000 случаи на оваа болест.