Македонија

СЗО соевите на коронавирус ги именуваше „алфа“, „бета“, „гама“…

СЗО објаснува дека ова ќе го поедностави именувањето на новите соеви, но, исто така, сака да ја отстрани стигматизацијата од некои имиња. Така, на пример, на почетокот на овој месец индиската Влада го критикуваше именувањето на видот Б.1.617,2 според државата, откако, имено, тој стана индиски вид.

СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот, пишува Би-Би-Си.

Британскиот, индискиот и останатите соеви отсега ќе бидат именувани според буквите од грчката азбука. Така британскиот вид, на пример, е наречен Алфа, додека јужноафриканскиот стана Бета. Индискиот сега е Делта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни