Директорката на регионалната канцеларија на Светска здравствена организација во Африка, Мачидисо Моети изјави дека новиот коронавирус многу брзо се шири во Африка и се заканува континентот со население од 1,3 милијарди луѓе да го претвори во нов фронт против пандемијата.
– Пред десетина дена имаше само околу пет држави со вирус. Сега во 35 од 54 земји е регистриран вирусот, а вкупниот број на инфицирани луѓе изнесува 650. Тое е исклучително брз развој, посочи Моети.
Првиот случај на зараза со Ковид-19 во Субсахарска Африка е регистриран на 28 февруари.Според Моети во Африка има голем број на нерегистрирани случаи, пред се поради недостиг на тестови.
Голем број африкански држави, следејќи го примерот на Кина и другите држави, брзо ги ограничија патувањата. Сенегал вчера забрани летови, а Ангола и Камерун ги затворија воздушните, морските и копнените граници. Руанда ги забрани комерцијалните летови на еден месец, додека Мавританија не дозволува влез откако во земјата беше регистриран првиот пациент.
