Таџикистан започна „антитерористичка операција“ во близина на границите со Кина и Авганистан

Таџикистанските власти започнаа „антитерористичка операција“ во нивниот проблематичен автономен регион Горно-Бадакшан кој се граничи со Авганистан и Кина, објави руската новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи на Таџикистан, пренесе Ројтерс.

Според РИА, членови на „организирана криминална група“ го блокирале патот што го поврзува Таџикистан со Кина со цел „да ја дестабилизираат социјалната и политичката ситуација“ во поранешната советска република, која има и руска воена база.

Се вчитува...

Кон крајот на минатата година, имаше судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили во градот Хорог, административен центар на автономната област Горно-Бадакшан, во кои најмалку еден демонстрант беше убиен од полицијата.

Демонстрантите потоа побараа повторно судење на активистот осуден за земање заложници.

Во 2012 година, десетици луѓе беа убиени во судири меѓу локална вооружена група и владините сили во автономната област Горно-Бадакшан.