Македонија

Тасева: Двојни стандарди и лични интереси го хранат системот на корупција

Тасева: Двојни стандарди и лични интереси го хранат системот на корупција

Во истото гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, антикорупциската активистка Слаѓана Тасева предупреди дека во државата не постојат еднакви критериуми кога станува збор за пристап до услуги, лиценци и дозволи.

Според неа, одлуките често не се носат врз основа на јасни правила, туку под влијание на лични интереси, што создава нееднаквост и неправда во системот.

Тасева оцени дека ваквите појави се директен резултат на длабоко вкоренета корупција, која го нарушува функционирањето на институциите и ја поткопува довербата на граѓаните.

Таа нагласи дека воспоставувањето на транспарентни и еднакви критериуми е клучно за справување со корупцијата и за враќање на правната сигурност во општеството.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни