Корупцијата во Македонија направи лошо образование, лошо здравство и загаден воздух бидејќи се увезува некаков отпад, истакна претседателката на “Транспаренси интернешнл”, Слаѓана Тасева. Вели дека резултатите од борбата против корупцијата се невидливи или воопшто ги нема.
-Парите се потрошени, извештаите се напишани – резултати нема, рече Тасева.
Според неа, поради корупцијата во Македонија имаме лоша и партиски контролирана економија.
Случајот “Рекет” го затекнал целото општество, рече Тасева, посочувајќи дека како ќе се заврши процесот ќе значи и каква иднина ќе имаме.
Ги повика граѓаните масовно да пријавуваат случаи на корупција.
Даниел Василев