Македонија

Татко и син загинаа во тешка сообраќајка во Скопје, тројца млади тешко повредени

Татко и син загинаа во тешка сообраќајка во Скопје, тројца млади тешко повредени

Две лица загинаа, а три се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 2 часот по полноќ на општинскиот пат Илинден – Миладиновци, во близина на полициската база Брест, која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.

Според информациите од Јавното обвинителство, во несреќата директно се судриле автомобил „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 19-годишен кумановец, и „Хјундаи и30“, управуван од 51-годишен жител на Марино.

На местото на несреќата починале 51-годишниот возач на „Хјундаи“ и неговиот 18-годишен син. Тешко повредена е и неговата 18-годишна ќерка.

Со тешки телесни повреди се здобиле и 19-годишниот возач на „Опел корса“ и неговиот сопатник, исто така на возраст од 19 години. Тие биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

Увид на местото извршиле дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, вешто лице и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи.

Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на двете починати лица, а се преземаат и дополнителни дејствија за утврдување на точните причини и околности под кои се случила несреќата.

Фото: Архива

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни