4NEWS.mk

Технички факултет-Битола вклучен во проект од Програма „Хоризонти 2020“

Технички факултет-Битола ќе учествува во проект од програмата „Хоризонти 2020“. Според потпишаниот договор, битолскиот Технички факултет е еден од 19-те партнери во конзорциумот на проектот со наслов: „Зајакнување на преносниот систем во регионални граници со користење на интелегентна пазарна технологија“ со акроним ТРОЈСТВО (TRINITY).

Целта на проектот е развивање на неколку софтверски решенија за зајакнување на соработката помеѓу преносниот систем оператори на Балканот и поддршка на интеграцијата на пазарите на електрична енергија во регионот со промовирање на зголеменото учество на чистите енергии во производството на електрична енергија.

Проектот е дел од Програмата Хоризонти 2020, за истиот веќе е потпишан грант договор и ќе се реализира во времетраење од 48 месеци.

Хоризонти 2020 е најголема ЕУ истражувачка и иновативна програма создадена за поддршка и поттикнување на истражувањето во европската област на истражување-(ERA).

 
 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни