Балкан

Технички проблем во нуклеарната централа во Бугарија

Технички проблем во нуклеарната централа во Бугарија

Шестиот енергетски блок на нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија е исклучен од електроенергетскиот систем на земјата, објави нуклеарната централа на својата веб-страница. Причината е технички проблем во системот за ладење на генераторот – ненуклеарниот дел од единицата. Енергетскиот блок е исклучен на 29 октомври во 21 часот

Нема промена во состојбата со радијацијата, прецизираат од АЕ Козлодуј.

Дежурните екипи на нуклеарната централа ги преземаат сите неопходни активности за отстранување на проблемот и вклучување на блокот во енергетскиот систем.

Според информациите на веб-страницата на АЕЦ „Козлодуј“, на 29 октомври е завршена планираната годишна поправка на шестиот блок и истиот е приклучен на националниот електроенергетски систем во 12:52 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни