Бројот на деца кои имаат проблем со видот секој ден е се поголем. Тоа го предизвикува прекумерната употреба на технолошките апарати. Родителите не треба да го забавуваат своето дете да му дадат мобилен телефон или друго технолошко средство, вели психологот Хатиџе Сефа. Според неа, ова има негативни последици по нивниот психо – физички развој.
„Сега од рана возраст децата ракуваат со многу технолошки апарати, а тоа покажува дека децата со часови минуваат занимавајќи се со технологија. Ова негативно влијае на нивниот психо – физички развој. Затоа советуваме и им препорачуваме на родителите да не ги изложуваат толку многу нивните деца на технологијата. Често пати се случуваат разни психолошки нарушувања освен оние на очите“, рече Сефа
Офталмологот Илир Османи вели дека очната мрежница кај децата е многу чувствителна а како што вели тој, телефоните зрачат и го оштетуваат видот.
„Долгата изложеност може да предизвика ослабување на мрежницата или оштетување на фотосензитивниот дел на мрежницата и на подоцна возраст може да дојде до слабеење на видот. Секако дека децата се најчувствителни и нивната очна мрежница, затоа нивната изложеност на технолошките апарати треба да биде што е можно пократка“, изјави Османи.
Над една милијарда луѓе во светот страдаат од оштетен вид заради несоодветна грижа, покажува првиот извештај по ова прашање, објавен од СЗО. Според извештајот најмалку 2.2 милијарди луѓе имаат проблем со видот или се слепи.