Свет

Телефонски разговор помеѓу Бајден и Нетанјаху

Телефонски разговор помеѓу Бајден и Нетанјаху

Денеска американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавија светските агенции, повикувајќи се на Белата куќа.

Разговорот траел помалку од половина час.

Бајден и Нетанјаху телефонски разговарале само неколку дена откако седуммина хуманитарни работници загинаа во израелски воздушен напад во Појасот Газа. Тој случај дополнително ги усложни и така затегнатите односи меѓу двајцата лидери, забележуваат агенциите.

Американскиот претседател остро го критикуваше Израел за нападот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни