4NEWS.mk

Тепачка на Водици: Бугари се степаа за крстот среде замрзната вода

Иако Бугарија го прифати новиот календар  и празникот Водици се празнува веднаш по Нова година, во некои делови е задржана старата традиција.

Па така, светиот крст се фрлаше во Стара река. Веднаш откако свештеникот го фрли крстот скокнаа неколку момчиња во замрзнатата река. Едно од нив имаше најмногу среќа и го фати крстот.Но, останатите веднаш му се нафрлија и почнаа да се грабаат.

Настана општа тепачка а не помогнаа ниту апелите на светштеникот.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни