Свет

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ Маж избоде двајца млади момчиња во трговски центар, еден почина, објавена драматична снимка

Едно лице е убиено, а друго рането во напад со нож во израелски трговски центар, а убиен е и напаѓачот, соопштија израелската полиција и медицински лица.

Полицијата соопшти дека се работи за терористички напад. Израелската информативна веб-страница „Инет“ објави дека напаѓачот бил Џоуд Рабија од Нахаф, израелски град во кој живеат многу припадници на арапското малцинство.

Ниту една група не ја презеде одговорноста, иако милитантната организација „Палестински исламски џихад“ го опиша нападот како „херојска операција“ во објава на „Телеграм“.

Израелските лекари изјавија за Ројтерс дека едно од двете избодени лица е прогласено за мртов откако итно бил пренесен во болница, а напаѓачот починал во трговски центар во Кармиел, северен Израел.

Лекарите претходно рекоа дека лекувале двајца мажи на возраст од дваесет години.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како двајцата мажи лежат неподвижни на подот во трговскиот центар додека луѓето се обидуваат да им пружат медицинска помош.

Израел спроведува воена офанзива во Појасот Газа како одмазда за смртоносниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври минатата година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни