Тешка несреќа се случила вечерва на патот Гостивар – Тетово. Голем број на полициски возила, брза помош и пожарна се на лице место.
Според првичните информации на 4NEWS.mk, повредени се осум лица.
Поради несреќата, сообраќајот на овој патен сегмент беше отежнат во одреден временски период.
Надлежните органи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и да покажуваат зголемена претпазливост при возење.
Објавени се и први снимки од местото на несреќата. Се слушаат сирени од сите страни.
Очекуваме повеќе детали.