Тешка несреќа во прилепско – повредено едно лице

Тешка сообраќајна несреќа кај Кривогаштани, повредено едно лице.

– На 15.07.2019 во 09.15 часот на крстосница од улиците „Филип Втори“ и „Гоце Делчев“ во с.Кривогаштани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(59) од с.Кривогаштани и мотоцикл „Јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(17) од с.Свето Митрани, прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Ф.Н. и бил пренесен во Градското болница во Прилеп, стои во билтенот на МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

Извор: Сител телевизија