Македонија

Тешка сообраќајка кај Стража, 11 лица се повредени

11 лица се хоспитализирани во гостиварската општа болница по сообраќајната несреќа што се случи во 14.00 часот во близина на Каменоломот кај превојот Стража, на магистралата Гостивар – Кичево. По прекинот од 2 часа, сообраќајот повторно се одвива непречено во двете насоки.

Според првичните наоди од извршениот увид, во сообраќајната несреќа која се счучи околу 14 часот, во близина на отворените каменоломи, се судриле минибус и два патнички автомобила.

Едно лице како итен случај е префрлено на скопските клиники.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни