Македонија

Тешка сообраќајка на автопатот кај скопскиот аеродром – повредени 3 лица

Утрово во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека нa автопатот „Пријателство“, пред исклучок за Меѓународен аеродром- Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(62) од Прилеп и патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „фиат браво“, А.Д.(61), В.Б.(39) и уште една малолетничка, сите од Скопје, констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни