4NEWS.mk

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Вчера во 07.30 часот на крстосницата од булеварот „Мајка Тереза“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Тумопар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Ц.(37) од Скопје и патничко возило „Мицубиши лансер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(38) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил Т.Ц., по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни