4NEWS.mk

Тетовец со „голф“ удрил во паркирано возило и починал

Вчера околу 09.30 часот во с.Челопек, тетовско, С.И.(56) од с.Челопек, управувајќи „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило.

По незгодата, С.И. бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни