Тие се храбри и секси: Ова е новиот најстилизиран пар на светот

Хејли Болдвин и Џастин Бибер се венчаа во 2018 година и многу брзо станаа највлијателната двојка во светот.

Додека Хејли ги уредува насловните страници на најпрестижните модни списанија, Џастин Бибер својот живот го посвети на бренд кој произведува спортска облека, покрај музиката.

Тие претставуваат кул американски стил, од секојдневни комбинации до елегантни, тие секогаш се цел на папараци и модни списанија кои внимателно го следат секој нивни чекор. Нивниот стил е смел, секси и многу привлечен.

Тие го сакаат стилот на деведесеттите и често си играат со комбинирање на лежерни и оние парчиња облека наменети за поелегантни прилики.

Погледнете ги нивните заеднички фотографии подолу и проценете дали се тие новите Викторија и Дејвид Бекам.