4NEWS.mk

Тинејџер (19) прегази пешак на „Партизанска“ во Битола

Вчера во 16,25 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Партизанска“, патничко моторно возило „даеву матиз“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(19) од Битола, удрило во И.С. (78) од Битола.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

 
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни