Тропски температури ја зафатија Индија во последните недели, а како резултат на тоа загинаа неколку десетици луѓе.
Источната држава Одиша во понеделникот објави осум смртни случаи во период од 72 часа. Според официјалните податоци, меѓу март и мај ширум Индија починале 60 луѓе поради болести поврзани со топлина, јавува Би-Би-Си. Се стравува дека бројот ќе биде значително поголем бидејќи смртните случаи поврзани со топлината се недоволно пријавени во руралните области.
Официјални лица велат дека Индија е во средината на својот најдолг топлотен бран досега. Температурите неодамна надминаа 50 степени во некои области.
Делови од северна Индија се соочуваат со екстремни горештини од средината на мај, со просечни температури меѓу 45 и 50 °C во неколку градови.