Летен топлотен бран невиден во повеќе од шест децении ја погоди Аргентина, каде беше издадено предупредување за екстремни горештини.
Метеоролошката служба во последните денови го забележа веќе осмиот топлотен бран од почетокот на летото во ноември, со 40 степени Целзиусови, додека во последната деценија имаше само четири до пет такви бранови секоја сезона. Во споредба со другите лета, ова е најтопло од 1961 година и во просек за 1,7 степени потопло, а глечерите побрзо се топат.
„Еден топлотен бран е дел од нормалната клима. Но, со климатските промени, гледаме поупорни и поинтензивни бранови на сите континенти“, изјави метеорологот Ензео Кампетела.
Во Буенос Аирес утринава беше 36 степени, а во текот на денот ќе биде 38, што е рекорд за февруари во последните шест децении. Метеоролошката служба денеска издаде „портокалово предупредување“ за екстремни температури, а во Патагонија на југот во четвртокот беше 42 Целзиусови степени.