Свет

Топлотен бран во Тунис – измерени рекордни 49 Целзиусови степени

Метеоролошкиот институт соопшти дека во Тунис се измерени рекордни 49 Целзиусови степени измерени во главниот град во вторникот.

Во некои делови од земјата, вискоките температури предизвикале и прекин во електричната енергија, бидејќи граѓаните ја преоптоварија електрична мрежа со користењето на климатизерите.

Според Институтот, претходната највисока измерена температура во Тунис изнесувала 46,8 степени Целзиусови, а била регистрирана во 1982 година.

Разурнувачки шумски пожари, предизвикани од пеколното време, во изминатите неколку дена, избија во медитеранските земји, опустошувајќи ги шумите и вегетацијата во Грција, Турција и Алжир. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни