Грчките власти предупредија на еднонеделен топлотен бран среде летната туристичка сезона, кој со себе носи висок ризик од пожар и кој ќе трае најмалку до 19 јули. Министерството за цивилна заштита и климатски промени соопшти дека југозападните ветрови од Африка понекогаш ќе ги подигнат температурите до над 40 степени Целзиусови.
Новиот топлотен бран го следеше најтоплиот јуни покажаа мерењата во Грција, а воедно и најтоплиот на целата планета, покажуваат податоците на европската климатска служба Коперник.
На луѓето им се препорачува да носат лесна облека, да пијат многу вода и да избегнуваат долги прошетки во најтоплиот дел од денот. Во јуни, неколку луѓе беа пронајдени мртви на грчките острови по долги прошетки.
Метеоролошки предупредување за еднонеделен топлотен бран е издадено и во Северна Македонија, почнувајќи од денес, а надлежните информираат за зголемен број пожари во последните 24 часа – регистрирани се 14.
Цела јужна Европа е под напад на големи горештини.
