Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази изненадување што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, осомничен за проневера од 6,5 милиони евра и недостапен за органите на прогонот.
„МВР ги презеде сите потребни дејствија за информирање на Обвинителството, но ЈО не побара најстрога мерка за лицето, иако сум изненаден од таа одлука,“ изјави Тошковски. Тој додаде дека останатите поранешни функционери во случајот се во притвор.
Во врска со истрагата за Државната лотарија, министерот најави проширување на истрагата поради сомненија за дополнителни криминали кои го оштетиле буџетот.
Тошковски се осврна и на инцидентот на Денот на албанското знаме, посочувајќи дека внатрешната контрола на МВР не утврдила прекршување на процедурите од страна на полицаецот кој симнал албанско знаме во Куманово.