Трагедија: Двајца роднини починаа во бунар во Србија

Бобан Ѓорѓевиќ (44) и братот на неговата тетка Дејан Марковиќ (52) починале вчера во бунар длабок 7 метри во Лазаревац.

Како што дознава Телеграф, Бобан се симнал во бунарот во својот двор да го исчисти, но бидејќи долго време не излегол, по него тргнал братот на тетка му Дејан. Меѓутоа, од бунарот не излегле ниту двајцата. Пожарникарите ги извлекле нивните тела, а причината за смртта се уште не е позната. Телата се испратени на обдукција и таа ќе покаже како браќата завршиле мртви. Сведок на трагедијата која ни најстарите жители не ја паметат беше соседот С.П. На инспекторите им објаснил дека прво во бунарот влегол еден маж, а потоа друг кој сакал да му помогне. Кога видел дека роднините не излегле, повикал полиција и лекари. Инаку, Дејан бил оженет и имал две деца. Бобан не бил оженет и немал деца.

Според соседите, тие двајца освен што биле роднини, биле и најдобри пријатели.