Трагедија го потресе Шабац, четворица тинејџерии загинаа во страотна сообраќајка, покрај смачканиот автомобил пронајдена фотографија

Во страотно сообраќајка кај Шабац, загинаа четири млади лица, а девојката која возела е повредена. Во сударот животот го загубија Сара Л. (18), Ивана Б. (20), Тања Л. (18) и Миодраг Ј . (20) додека Маја Л. (20) која возела е вон животна опасност и на болничко лекување.

Се вчитува...

Петмината млади се враќале од ноќна забава, а несреќата се случила на само километар од селото Мачвански Причиновиќ, во кој тие живееле.

На местото на страотната несреќа кај Шабац, во автомобил во кој настрадаа четворица млади, пронајдени се фотографии, а на една од нив се гледа и загинатата Сара Л. со другарките.

На фотографијата, направена на една неодамнешна прослава на полнолетството на девојка, се гледа Сара со другарките, со широка насмевка, полна со живот, не насетувајќи дека трагедија ќе и се случи само неколку недели потоа.

Се претпоставува дека една од девојките ја носела фотографијата од прославата неодамна, за да и ја даде на другата за спомен.

Na mestu nesreće ostala fotografija nasmejanih drugarica

Инаку, автомобилот го возела Маја Л., сестрата на загинатата Сара. 

Автомобилот неколу пати се превртел па се забил во бандера. 

Тешката сообраќајка се случи околу 5 часот утрово во местото Табановиќ кај Шабац, кога под се уште не утврдени околности автомобилот „форд фиеста“ со шабачки регистарски табличли излетал од патот и удрил во столб за осветлување. Од силината на ударот, столбот е откорнат од земја.

Извор: Сител телевизија