4NEWS.mk

Трагедија на Плачковица: Беровчанец прегазен од трактор додека го поправал

Вчера околу 16,10 часот во Полициска станица Виница било пријавено дека на место викано „Лисец-Бараки’’ на планината Плачковица во атар на с.Градец,виничко, П.С.(53) од Берово, додека го поправал тракторот, бил прегазен од него.

П.С. бил пренесен во Општата болница во Кочани, каде околу 19,00 часот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни