Свет

Трагедија на венчавка во Индија – 13 лица загинаа

Трагедија на венчавка во Индија – 13 лица загинаа

Најмалку 13 лица загинаа откако паднаа во бунар за време на свадбена церемонија во северната индиска држава Утар Прадеш.

Полицијата соопшти дека жртвите, сите жени и деца, седеле на метална плоча која го покривала бунарот кога пукнал од нивната тежина, пренесува Би-би-си.

Уште две лица се повредени во несреќата што се случи во областа Кушинагар.

Трагедијата се случила во средата вечерта за време на традиционалната церемонија „халди“, на која роднините на лицата на невестата и младоженецот ставале паста од куркума во знак на благосостојба.

Кога плочата се скршила, другите гости истрчале да ги спасат жртвите и ги однеле во блиската болница.

Додека за 11 лица веднаш била констатирана смрт, уште две починале подоцна на згрижување, соопшти полицијата.

Главниот министер на Утар Прадеш, Јоги Адитјанат, побара од окружните власти да им помогнат на семејствата на жртвите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни