Македонија

ТРАГЕДИЈА: Починато лице пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Починато лице рано утринава е пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев”, дознава КУРИР.

Во моментов не се познати околностите под кое е настаната смртта.

Како што дознава 4NEWS.mk се работи за машко лице на возраст од 30 години и е од југо-западна Македонија. Полициски екипи се на терен и работат на случајот.

Од МВР за Курир потврдуваат дека имаат пријава утринава за починато лице. Додаваат дека телото е дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни