Македонија

Трагедија во Куманово: Загина мотоциклист во судир со автомобил

Трагедија во Куманово: Загина мотоциклист во судир со автомобил

На 29.06.2026 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(49) од Куманово.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар констатирал смрт.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни