Во Ниш утрово се случи ужасна трагедија кога едно седумгодишно дете падна од тераса од 12. кат на солитер и загина на самото место.
Како што српски Курир неофицијално дознава, несреќата се случила во Византискиот булевар утрово околу 8.30 часот.
Соседите утрово пред солитерот затекнаа ужасна и болна глетка, телото на детето покриено со ќебе, зошто увидот бил во тек.









