Жена во напредна бременост паднала е утринава од зграда Shakespeare Towers во градот Лидс во Англија и починала, но нејзиното бебе е родено. Бебето, кое било родено подоцна во болница, моментално е на одделот за интензивна нега, соопштија од полицијата на Западен Јоркшир, јавува BBC.
Говорникот на полицијата изјавил дека не се верува дека постојат сомнителни околности околу смртта на жената, која била во своите триесетти години. Таа починала на местото на настанот, а известен е и патолошкиот лекар.
“Чуен е туп удар, а потоа вриштење”
Еден жител на квартот Бурмантофс, каде што се наоѓа зградата од која е паднала жената, изјавил за BBC дека бил во својот стан на 14. кат кога чул “туп удар”, по што следело вриштење.
“Тоа е шок за сите, за целата заедница”, рекол тој.
Shakespeare Towers е стамбен блок од 17 катови источно од центарот на градот, блиску до болницата St James. Становите се во сопственост на Градскиот совет на Лидс.