На седницата во Собранието на која на дневен ред е изборот на новите министри, опозицијата обвини дека премиерот Заев треба да одговара за тоа што не ги исполнил неговите ветувања.
Трајко Вељановски – пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница рече дека треба да се размислува и за ставање на кривично дело – измама на избирачи. И доколку власта не ги исполни ветувањата од програмата да одговара за тоа кривично дело.