Македонија

Трајковски: Со последни сили успеав да шутнам, како да беше судено да дадам гол на тој стадион

Трајковски: Со последни сили успеав да шутнам, како да беше судено да дадам гол на тој стадион

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски, кој вчера го даде победничкиот гол и ја однесе Македонија во финалето на баражот за пласман на Светското првенство, во изјава за медиумите посочи дека нема да застанат тука, односно дека ги чека уште една борба со цел повторно да се случи историја и да се отиде на Светското првенство.

„Со последни сили успеав да шутнам, целиот фокус го ставив во тој последен шут и едноставно не знам, како да беше судено дека морам да дадам гол на тој стадион каде поминав убави 4 години“, вели Трајковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни