4NEWS.mk

Трајковски утре ќе биде стражарно спроведен на судењето за „ТНТ“

Екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски утре ќе биде спроведен стражарно откако денеска не се појави на судењето за ТНТ. 

Неговиот адвокат тврди дека Трајковски не добил уредна покана, на што судијата Огнен Ставрев одговори дека од судскиот курир добил информации дека на адресата на Трајковски никој не сакал да му отвори врата.

Поради неприсуството на Трајковски  денешното рочиште на кое судењето за ТНТ требаше да почне од почеток се одложи. Расправата продолжува утре.

 

Деспина Тодоровска 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни