Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп се нарече себеси голем фан на вакцините против ковид-19, и посочи дека токму поради него тие биле развиени толку брзо.
„Можам да се сметам за голем обожавател на вакцини. Благодарение на мене, тие беа развиени толку брзо. Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто не би ги направиле, така што јас сум навистина голем „фан“ на вакцините, вели Трамп за Фокс Њуз.
Инаку, тој во исто време и се спротистави на задолжителната вакцина.
„Луѓето треба сами да одлучуваат, но јас би препорачал да се вакцинираат за да се заштитат. Вакцините се неверојатни“, додаде Трамп.