4NEWS.mk

Трамп формираше работна група за борба против коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп формираше работна група за борба против ширењето на новиот коронавирус од Кина.

Според портпаролката Стефани Гришам, работната група веќе одржала три состаноци во рок од неколку дена.

– Работната група ќе ги координира напорите на администрацијата за следење, контролирање и спречување на ширење на вирусот и ќе гарантира дека Американците имаат најточна информација за здравјето и патувањата, се наведува во соопштението.

Белата куќа истакнува дека ризикот за зараза кај Американците останува низок. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни