Свет

Трамп ги запрепасти сите: Сакам веднаш да се сретнам со Путин

Трамп ги запрепасти сите: Сакам веднаш да се сретнам со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака веднаш да се сретне со претседателот Владимир Путин, пренесе Ројтерс.

Британската агенција не соопшти други детали.

Според Ројтерс, Трамп ставил до знаење дека Владимир Зеленски му рекол дека е подготвен да склучи договор.

Претходно денеска Трамп им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека решавањето на ситуацијата во Украина целосно зависи од Москва и дека Украина е „подготвена да склучи договор“.

„Нашите напори за постигнување мирно решение меѓу Русија и Украина, се надеваме, веќе започнаа. Многу е важно тоа да се направи. Никој не видел вакво нешто од Втората светска војна. Време е да се стави крај на ова“, рече Трамп, обраќајќи се преку видео врска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни