Свет

Трамп има намера да ја стави УСАИД под контрола на Стејт департментот

Трамп има намера да ја стави УСАИД под контрола на Стејт департментот

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим имаат намера да ја стават американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) под контрола на Стејт департментот, што би значело дека агенцијата повеќе нема да има автономија во донесувањето одлуки.

Трамп започна иницијатива која вклучува замрзнување на странската помош за 90 дена, додека се истражува можноста за одземање на автономијата на УСАИД со извршна наредба, објави Ројтерс.

Во тој случај, сите одлуки донесени од таа агенција ќе треба да бидат одобрени од државниот секретар Марко Рубио и остатокот од тимот што раководи со американската извршна власт.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни