Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека неговата администрација ќе преземе одредени чекори за намалување на бројот на жртви во војната во Украина и дека не е загрижен за блиските односи меѓу Русија и Кина.
„Многу сум разочаран од претседателот Путин, можам да го кажам тоа, и ние ќе направиме нешто за да им помогнеме на луѓето да преживеат“, рече Трамп во интервју за „Радио шоуто на Скот Џенингс“, пренесува Ројтерс.
Кога беше прашан за можното „формирање на оска“ против САД предводена од Кина и Русија, Трамп одговори дека воопшто не е загрижен.
Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од Путин, најави акции поврзани со војната во Украина