Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека постои голема шанса конечно да се направи „нешто големо“ на Блискиот Исток, но не прецизираше за што станува збор.
„Сите се тука за да направат нешто посебно, за прв пат. И тоа е она што ќе го направиме“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Вистина“.
Трамп претходно им рече на новинарите дека Израел и Хамас се блиску до постигнување „некаков вид договор“ за потенцијално прекин на огнот, но не даде повеќе детали.
Трамп: Одлична шанса конечно да се направи нешто големо на Блискиот Исток