Свет

Трамп пристигна во Милвоки на републиканската конвенција (ВИДЕО)

Трамп пристигна во Милвоки на републиканската конвенција (ВИДЕО)

Доналд Трамп пристигна во Милвоки, каде републиканците и официјално ќе го номинираат за свој претседателски кандидат оваа недела, по обидот за атентат врз него.

Идентично како и при нападот врз него, Трамп по излегувањето од авионот ги поздрави сите присутни со крената тупаница.

Препознатливиот Боинг 757 на Трамп, наречен Трамп Форс 1, слета на меѓународниот аеродром Мичел во Милвоки околу 17:45 часот по локално време пред четиридневниот настан каде што републиканците треба официјално да го претстават како свој кандидат.

Неговата посета на клучната држава следи откако вооружен маж отвори оган на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија во неделата попладне и му го повреди десното уво.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни