Свет

Трамп размислува за азил за Европејците кои се противат на миграцијата

Трамп размислува за азил за Европејците кои се противат на миграцијата

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, размислува за доделување политички азил на Европејци кои, како што е наведено, се „целни“ поради мирно изразување на своите ставови против миграцијата или поддршка на популистички партии, пишува британски Телеграф.

Како дел од пошироката реформа на имиграцискиот систем, приоритет би можел да им се даде на оние што зборуваат англиски јазик и на оние кои „можат полесно да се асимилираат“ во американското општество.

Администрацијата на Трамп веќе спроведе дел од реформите, вклучително и намалување на бројот на бегалци што ги прифаќа САД – од 125.000 на само 7.500 годишно.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни