Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Трамп се упати кон Милвоки на републиканската национална конвенција, зголемена безбедноста

Трамп се упати кон Милвоки на републиканската национална конвенција, зголемена безбедноста

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денес замина на четиридневната национална конвенција на Републиканците во Милвоки, Висконсин, на која и официјално ќе ја прифати републиканската номинација за претседател.

Американските агенции за спроведување на законот работат на обезбедување на безбедноста на конвенцијата, по синоќешниот атентат врз Трамп за време на митинг во Пенсилванија, пренесува Ројтерс.

„Се чувствуваме многу удобно затоа што работиме со Тајната служба. Работиме со 40 различни агенции за спроведување на законот“, рече претседателот на Републиканскиот национален комитет Мајкл Ватли во интервју за Фокс.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни