САД сè уште не постигнале трговски договор со Индија, а азиската земја би можела да се соочи со американски увозни тарифи во опсег од 20 до 25 проценти доколку не се постигне договор пред крајниот рок на 1 август, предупреди денес американскиот претседател Доналд Трамп.
Според него, „Индија е добар пријател“, но во исто време „наплаќа повеќе царински давачки од речиси која било друга земја“, што, вели тој, наскоро ќе се промени.
Коментарите на Трамп следеа по извештајот на Ројтерс дека Индија е подготвена да прифати зголемување на американските тарифи доколку не се постигне договор до петок, без да понуди дополнителни отстапки на Вашингтон.
Трамп се заканува со повисоки царини за Индија: Договорот сè уште не е постигнат, рокот истекува на 1 август